Пронајдено тело закопано во атарот на гостиварско Неготино, постои сомнеж дека станува збор за жена која е пријавена за исчезната

Пронајдено тело закопано во атарот на гостиварско Неготино, постои сомнеж дека станува збор за жена која е пријавена за исчезната

Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека во текот на ноќта јавен обвинител извршил увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде било пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка. Според првичните информации, постојат сомненија дека се работи за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции дека можела да биде противправно лишена од слобода.

Обвинителот наредил итна обдукција и идентификација на починатото лице, како и прибирање траги и материјални докази од лице место. Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни дејствија, меѓу кои и обезбедување лица за кои постоеле сомневања дека се во врска со настанот.

За едно лице е определена мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел да се обезбедат докази и да се спречи можност за влијание врз текот на истрагата. Уште едно лице е задржано, а за него во моментов се вршат дополнителни проверки.

По наредба на јавниот обвинител, истрагата продолжува со преземање активности за целосно расветлување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со смртта на починатото лице.

Back to top button
Close