Пронајдено телото на исчезнатиот полицаец од Делчево

 

Тој во четвртокот заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага

Пронајдено е телото на 51 годишниот (Т.С) од Делчево, кој во четвртокот заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага.

Од полицијата за МИА информираат дека 51-годишниот полицаец, вчера доцна попладнето бил пронајден кај спомената локација, во водите на Брегалница заедно со автомобилот.

На местото на настанот излегол и Јавен обвинител, а телото на починатиот потоа е предадено на обдукција, но деталите за несреќата засега не се познати.

Back to top button
Close