Пронајдено телото на лицето кое се фрли вчера во Вардар

Попладнево е пронајдено лице, за кое се верува дека е истото кое се фрли во водите на Вардар од мостот „Близнак“ на булевар Србија.

Според информациите, телото е лоцирано на околу два километри низводно од истоимениот мост.

Тоа е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот.

Back to top button
Close