Пронајдено женско тело. Дали е на жената која се фрли во Вардар од малото мовче во Велес

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска полициски специјалци го пронашле телото на женското лице кое на новогодишната ноќ се фрлило во водите на реката Вардар кај Велес.

Регионалниот ЦУК Велес информира дека од Полицијата СВР Велес добиле информација дека во 12:20 часот денеска во близина на мостот кај село Кочилари полициски специјалци од МВР го пронашле телото на женското лице кое на 31.12.2022 година (половина час по полноќ) се фрли во водите на реката Вардар од Мало Мовче во централното градско подрачје во Велес – информираат од ЦУК преку социјалните мрежи.

Како што соопштуваат од ЦУК, телото е извлечено на брегот на реката и се чека екипа од СВР Велес за увид по што ќе следи процедура за потврда на состојба од лекар

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close