Пронајденото починато лице во Велес е маж кој исчезна минатиот јули

Познат е идентитетот на лицето кое беше пронајдено починато, во поодмината фаза во близина на филтерната станица во Велес, на шести јануари.

Како што информираше ,,Фокус” од блиски на починатото лице, станува збор за велешанец на возраст од 66 години, кој беше пријавен за исчезнат од јули минатата година. По него се трагаше подолг период, а семејството преку ,,Фокус”, но и на социјалните мрежи бараше помош во негово пронаоѓање.

Од СВР Велес по повод случајот известија дека на местото каде бил пронајден трупот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина, заради утврдување на причините на смртта и идентитетот.

 

Back to top button
Close