Пропадна дел од булеварот кај Македонска пошта

На булеварот ВМРО во близина на Македонска пошта попладнево пропадна дел од булеварот, пренесува ТВ21.

Во моментов полиција го обезбедува просторот и третата лента е целосно затворена за сообраќај, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

За среќа нема повредени но постои опасност истата да се прошири.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Во моментов нема детали за тоа која е причината за отворањето на дупката на сред сообраќајна лента на еден од најпрометните булевари во Скопје.

Back to top button
Close