Пропалестински демонстранти ја прекина 11.та етапа на Вуелта
Единаесеттата етапа на велосипедската трка Вулета е прекината од безбедносни причини. Етапата не го дочека својот крај откако три километри пред целта пропалестински демонстранти направија нереди на целта во Билбао.
Етапата во должина од 157,4 километри која имаше старт во Билбао, не ја дочека својата завршница.
Демострантите прескокнаа дел од оградата и застанаа на улиците со што веќе немаше услови за безбедно влегување на велосипедистите низ целната линија. Протестот е насочен против израелската екипа учесник на трката Израел Премиер Теч.
Инаку, етапата заврши без победник, а времињата се „замрзнати“ на три километри пред целта, а резултатите ќе бидат пресметани во вкупното време.
Директорот на Вуелта Хавиер Жулиен истакна дека ќе поднесе пријава до полицијата и демонстрациите ги оцени како „чин на насилство“. Но, му возврати министерката за спорт на Шпанија Сира Рехо, која протестот го оцени како „мирен“ против тим кој е поддржан од држава која врши „системско насилство“ во Појасот Газа. Таа дури побара израелскиот тим да биде исфрлен од трката.