Просечната пензија месецов ќе се зголеми за 1.200 денари


Од овој месец, минималната плата повторно се зголемува и таа ќе изнесува 20.175 денари, односно за над 2.000 денари повеќе од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари. Согласно методологијата за усогласување на пензиите, од овој месец ќе растат и пензиите за 330.000 пензионери, порача денеска пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ.

Ова почитувани е пример за вистинска грижа за сите граѓани. Затоа како одговорна партија ќе продолжиме да работиме посветено на унапредување на животниот стандард на сите граѓани, рече пратеничката на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Back to top button
Close