Просечниот месечен приход на повеќе од 70 отсто од Русите е околу 308 евра

Просечниот месечен приход на повеќе од 70 отсто од Русите не надминува 25 илјади рубљи (околу 308 евра), додека 45 отсто од граѓаните имаат приход од 15 илјади рубљи (188 евра), се наведува во заедничката студија спроведена од осигурителната компанија „Росгосстрах“ и Центарот за наука и технологија „Перспектива“, спроведена во јуни.

Покрај тоа, во споредба со слична студија спроведена пред почетокот на пандемијата во февруари, учеството на граѓаните со приход до 5 илјади рубљи (63 евра) месечно се зголеми од 6,9 отсто во февруари на 8,1 отсто во јуни, со приход од 5-15 илјади рубли – од 31,2 отсто на 36,5 отсто, а учеството на граѓаните со приходи во опсег од 15-25 илјади рубљи се зголеми од 25,6 отсто на 28,2 отсто.

Повеќето жители со приход од 15-25 илјади рубљи се во регионот Хабаровск (50 отсто), Москва (43,8 отсто) и Белгород (41,7 отсто).

Според истражувањето, еден од петмина Руси пријавил „значително“ намалување на приходите за време на пандемијата, а еден од десет целосно ги загубил приходите.

Back to top button
Close