Прослава на Илинден: Пендаровски во Скопје, Џафери во Пелинце, Ковачевски во Крушево


Годинава, за прославата на Илинден на 2 Август, според системот на ротација, во Крушево ќе биде премиерот Димитар Ковачевски, а во Пелинце претседателот на Собранието, Талат Џафери. Претседателот на државата ќе го празнува Илинден во Скопје.

Премиерот Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обрати на свеченоста која што ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево, а свечената програма во организација на Владата ќе започне со положување цвеќе на Мечкин Камен.

Според информациите од кабинетот на Пендаровски, прославата на Илинден ќе се одржи на платото во Вила Водно, како и пред три години, односно првата прослава во организација на претседателот Пендаровски. Тогаш на прославата на Илинден присуствуваа претставници на Сојузот на борците, беа поканети претставници на политички партии и дипломатскиот кор.

Лани, пак, Пендаровски, според распоредот, беше во Крушево, но и тогаш се обиде да внесе новина во прославата, па не држеше говор на Мечкин Камен, туку претходно имаше видео обраќање.

Во Пелинце лани беше тогашниот премиер Зоран Заев, а во Скопје Џафери кој положи цвеќе на споменикот на Методија Андонов Ченто и на президиумот на АСНОМ

Back to top button
Close