Просветните работници и учениците одржаа протест во Атина

– Просветните работници организирани од синдикатите и со поддршка од учениците, денеска одржаа протест во центарот на Атина, изразувајќи го нивното незадоволство од новиот закон од Министерството за образование, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестот помина мирно, со исклучок на мала група демонстранти што се обиде да турне еден од полициските автобуси поставени како блокада пред грчкото МНР.

Тензијата траеше кусо, по што протестот заврши.

Иако вчера имаше најави дека училиштата во земјата ќе бидат затворени, сепак од Министерството за образование на Грција објаснија дека наставата ќе се одвива нормално.

Просветните работници во Грција бараат законот да не биде изгласан, да се поништи и амандманот за пренесување во живо на часовите, со помош на камери во училниците, бараат дополнителни средства за образованието од државниот буџет, но и да се преземат сите неопходни здравствени мерки за безбедно работење на училиштата.

Новиот закон ќе се гласа утре во грчкиот Парламент, а во исто време просветните работници ќе одржат нов протест.

Back to top button
Close