Протече информација за колку пари Опра го продала интервјуто со Хари и Меган

Кралицата на американските шоу програми Опра Винфри го продала своето интервју со Меган Маркл и принцот Хари на телевизиската куќа CBS за вртоглава милионска сума, пренесуваат светските медиуми.

Телевизијата меѓународните права за сочните разговори и детали ги задржала за себе, а многу телевизиски куќи ширум светот интервјуто ќе го емитуваат ден по CBS, што значи дека во буџетот на Винфри парите само ќе се сливаат.

Според медиумите Винфри веќе заработила од 7 до 9 милиони долари со самата продажба на ова интервју.

Инаку за потсетување британските медиуми би можеле да се откажат од емитување на ова интервју бидејќи многумина Британци удрија по парот мислејќи дека овој потег не им е на место.

Back to top button
Close