Протест на дебарските ловџии поради  повисоките  цени на дозволите  

Денеска во Дебар се одржаа протести на дебарските ловџии поради зголемувањето на цените на годишните дозволи од 1 јануари од 6ооо денари на 12.ооо денари  од странана концесионерот ,,Канел –Стогово,, од Скопје , кој е одговорен за терените од Бањиште па се до Стогово.

Околу 7о тина ловџии нагласија дека  двојното зголемување на цените на годишните дозволи за лов не се во согласност со условите што ги нуди концесионерот , ниту пак со можностите што ги имаат локалните ловџии од општините Дебар и Центар Жупа. На протестот Арѓенд Качалнуку нагласи дека побарано е од концесорот во Скопје да ги врати цените назад во спротивно дебарските ловџии ке ги бараат своите права кај другите државни и меѓународни институции . ,,Ние како ловџии имаме одгорни штети на нашите ниви од дивечот особено од дивите свињи и мечките  а и ловџиите кои доаѓаат од други места , а сега се бара токму ние од овие простори да плакаме двојно повеке ,, рече Качалнику и додаде дека двата концесионери имаат разлилчни цени . Концесионерот од ,, Викторија,, од Дебар беше коректен и наместо да ги зголеми цените кои беа за годишна дозвола 45оо денари сега ги намали на 35оо денари .

На протестот е оценето дека новите цени на концесионерот ,,Канел –Стогово,, се провокација за дебарските ловџии и тие неможат да се споредат со другите ловџии кои доаѓаат на овие терени не само од други градови туку и од соседните држави. Исто така е потенцирано дека актуелчниот концесионер од Скопје , не ги почитува ниту обврсикие за нахранување на дивечот .  Новинарите беа информирани дека и покрај барањата упатени до концесионерот  за вракање на цените одговор сеуште не е добиен.

К.М.

Back to top button
Close