Протест на земјоделците во Холандија, повеќе десетици уапсени

 Холандската полиција уапси денеска повеќе десетици земјоделци кои го блокираа влезот на една фабрика за преработка на отпад, што е еден од низата протести на земјоделците кои се гневни поради владините планови за намалување на емисиите на азотни оксиди.

Полицијата во провинцијата Дренте, во североисточниот дел на Холандија, ги уапсила демонстрантите бидејќи ја игнорирале забраната за одржување такви протести.

Земјоделците протестираат повеќе денови, блокирајќи ги патиштата и собирајќи се со трактори пред холандскиот Парламент, додека Владата се обидува да ги усвои мерките за ограничување на количеството протеини, кои земјоделците можат да ги стават во сточната храна.

Холандското Министерство за земјоделство тврди дека ограничувањето на количеството протеини ќе ја намали емисијата на азотни оксиди, а земјоделците сметаат дека таквиот потег ќе биде штетен за животните.

Back to top button
Close