Протест пред СОНК: Стотина професори не сакаат да се прекине штрајкот

Раководството на СОНК вчера доби нова понуда од Владата на Република Македонија за зголемување на платите, по што денеска треба да биде донесена одлука за прекин на штрајкот, меѓутоа не се сложуваат сите со таа идеја.

СОНК денеска треба да има состанок во 16 часот и да се одлучи дали понудата на Владата за зголемување од 12 отсто е прифатена, како и дали ќе биде прекинат штрајкот.

Пред канцеларијата на СОНК се собраа стотина професори и професорки кои не се сложуваат со договорот кој беше постигнат и не сакаат да се прекине штрајкот, но одбија да зборуваат пред камерите, пренесе Прес24.

По состанокот на Советот на Синдикатот во 16 часот ќе биде познато дали учесниците и децата ќе се вратат во училиштата и градинките.

 

Back to top button
Close