Протест пред судот во Битола за ослободување од притвор на битолчанецот кој го уби зетот

Откако вчера битолчанецот Тони Ѓорѓевски Фердо доби 30 дневен притвор за убиството на својот зет, неговиот син денеска организира мирен протест пред Основниот суд во Битола за укинување на мерката притвор и можност да се брани од слобода. Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишниот Фердо од Битола под основано сомнение дека сторил кривично дело убиство.

„Драги пријатели, добро намерници и сите што ја знаете вистината за мојот ТАТКО кој што си ја бранеше својата фамилија од 20 годишните маки. Ве повикувам на ден 23.02.2022 г. во 12:00ч. заедно со мене и мојата фамилија на мирен протест пред Основниот суд во Битола поради одлуката на судот за притвор на мојот ТАТКО и истиот да биде пуштен дома за да се брани од слобода за дело кое што го направи во самоодбрана и нужна одбрана и спаси пет други животи, заедно со неговиот шест. Протестот е уредно пријавен во Полиција. Ве молам споделете и Ви благодарам за поддршката на сите!“, напиша Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо.

Според коментарите на социјалните мрежи, битолчанецот кој смртно го погоди зетот за ќерка, има поддршка од своите сограѓани кои го опишуваат како добар човек и пријател кој си го бранел сопственото дете од насилниот сопруг.

 

 

 

Back to top button
Close