Протест против заострување на законот за абортус во Полска

Илјадници луѓе се собраа синоќа во центарот на Краков на протест против полската влада и нејзиниот предлог за заострување на законот за абортусот.

Контроверзниот законски предлог за заострување на законот кој го регулира правото на жените на абортус го иницирало граѓанското здружение „Стоп за абортусот“.

Ако законот се усвои, на лекарите и жените кои нема да ја почитуваат забраната за абортус им се заканува повеќегодишна затворска казна.

Предлог законот на кој се противи полската јавност дозволува абортус само во случај кога поради бременоста е загрозен животот на мајката. Демонстрантите во Краков побараа од пратениците во полскиот парламент да не го усвојат законот за абортус бидејќи и постоечкиот е еден од најстрогите во Европа.

Во моментов за прекршување на законот за абортус во Полска е предвидена казна од две години затвор.

Back to top button
Close