Протест: Што остана на „Орце Николов“ кога пилите стивнаа

Организаторите бараат да се прекине на решението издадено од Град Скопје со кое се овозможило сечењето на дрвјата на улицата, за да се спасат преостанатите дрвја

Со транспаренти испишани на картон, граѓани, главно жители на Дебар Маало се собраа напладне на раскопаната улица „Орце Николов“ на протест под мото „Кога пилите ќе стивнат“, на местото каде завчера беа исечени голен број дрвја, што локалната власт на Центар го правдаше со тоа дека биле стари, без корен и претставувале опасност за минувачите и автомобилите.

На транспарентите беа испишани пораки за придобивките од така развиени повеќегодишни дрвја во центар на еден град, како и тоа дека со нивна помош се намалува температурата на воздухот, дека го прочистуваат воздухот…

Организаторите бараат да се прекине на решението издадено од Град Скопје со кое се овозможило сечењето на дрвјата на улицата, за да се спасат преостанатите дрвја.

Фото 360.мк

Back to top button
Close