Протест во Битола – се бара слобода за полицаецот кој е осуден за прекумерна употреба на сила врз припадник на ромската заедница

Граѓани заедно со независниот полициски синдикат со протестен парш во Битола побараа ослободителна пресуда за полицаецот Гоце Петковски кој е осуден на една година затвор за прекумерна употреба на сила врз припадник на ромската заедница.

Инцидентот се случи лани во септември кога обвинетиот полицаец при обезбедување на место на сообраќајна несреќа, го совладал Невзад Јашаровски го турна на земја и го удираше со клоци и тупаници по главата и телото.

Јавноста дозна за полициската бруталност по објавување на аматерски видео клип направен со мобилен од случаен минувач. Судот констатираше дека полицаецот употребил прекумерна сила и го понижил Јашаровски.

Пресудата доаѓа по 8 рочишта, а Судот го отфрли барањето на одбраната на полицаецот  да се земе предвид и агресивноста на Јашаровски

„Околноста дека оштетениот во критичниот момент бил под дејство на алкохол и агресивно се однесувал за што се води и кривична постапка против него не претставува оправдување за преземените дејствија од страна на обвинетиот и не претставуваат основ за ослободување на обвинетиот од кривична одговорност, кога истиот и покрај тоа што оштетениот бил совладан и соборен на земјата, продолжил да го клоца по телото и главата повеќе пати и со тоа применувајќи прекумерна сила”, се наведува во пресудата на Кривичен суд-Скопје.

Оваа пресуда  е меѓу првите каде се изрекува ефективна казна затвор за полициски службеник за  прекумерна употреба на сила, а досешната судска пракса покажува дека за вакви дела е изрекувана најмногу условна казна.

И здружението на млади правници се огласи по пресудата и посочи дека е од огромно значење затоа што како што наведуваат „со изречената казна затвор во траење од една година ќе бидат постигнати целите на казнувањето од аспект на генерална и специјална превенција.

 

Back to top button
Close