Протести и петиција против доделување на концесија за стопански риболов на Дебарското Езеро

Во организација на спортското риболовно друштво ,,Трофта ,, синока во Дебар се одржа средба на спортските риболовци и заинтересирани граѓани на која е нагласено дека Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство по издавање на концесија за рекреација и спортски риболов на дебарското езеро на СРД ,,Трофта ,, , да не издава и концесија за стопански риболов , бидејки дебарското езеро дава широки можности за развој на туризмот. Концесионерот кој го имаше езерото последните шест години направи хаос со стопанскиот риболов бидеји вршеше риболов на незаконски начин и езерото има мал рибен фонд ,а во наведениот период максиманло се намали бројот на спортските риболовци од сите градови на земјата како и од странство , што секако го оштетиезерскиот туризам .

На средбата е донесен заклучок во сабота да се одржи протест против давање на концесија за стопоански риболов , а воедно до министерството ке се достави и петиција со потписи на дебарчани . Претседателот на спортското риболовно друштво ,;Трофта ,, Дрина Боцку соопшти дека на средбата со градоначалникот на Дебар Хекуран Дука добил силна подршка а подршка има добиено и од страна на Советот на Дебар кој претходно се спритивстави на министерството во дебарското езеро да се дава концесија за стопоански риболов . Исто така е нагласено дека деновиве ке бидат отстранети сите рибни базени на претходниот концесионер застопански риболов кој и понатаму ги држи во езерото и прави напорти да повторно добие концесија . И да има таква концесија треба да се додели на заинтересирани од Дебар или на здружението беше речено на средбата а не на стариот концеионер.

КМ

Back to top button
Close