Протести на студентите во блокада и граѓани кои ги подджуваат во поголемите градови низ Србија

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија денеска да протестираат во Белград, Ниш, Нови Сад, Крагуевац и други градови против полициската бруталност и целосно да ги блокираат градовите.

Foto: Beta.rs

Студентите повикаа на таа акција бидејќи за време на претходните блокади, полицијата приведуваше студенти и граѓани и насилно ги кршеше блокадите. Како што објави МВР на Србија, низ целата државабеа приведени 79 лица.

Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, рече дека утрово 3.681 лице учествувало во блокадите на патиштата низ Србија.

„Толку многу од нив ги малтретираа 6,5 милиони жители на Србија. Веројатно е дека некој ужива во малтретирањето на своите соседи и сограѓани“, изјави Вучевиќ за белградски медиуми.

Тој оцени дека сега „никој не може да има дилема дека на дело има обоена револуција“.

Деканот на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград, Милош Павловиќ, денеска изјави дека биле уапсени четири студенти, еден професор и двајца вработени во таа институција.

Полицијата го приведе филмскиот режисер и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград, Стеван Филиповиќ.

Во Белград целосно запреа со движење трамваите и тролејбустите додека градскиот автобуски превоз се одвива со големи потешкотии поради блокадите кои – како што најавуваат студентоте во блокада – ќе бидат поинтензивни попладнето.

Вишото јавно обвинителство ги повика граѓаните да се воздржат од ограничување на правото на слобода на движење со блокирање на јавниот сообраќај, наведувајќи дека во спротивно полицијата е овластена да ги преземе овластувањата пропишани со закон со цел зачувување на јавниот ред и мир.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата дозволила собири на одредени локации во Белград што не се од витално значење за функционирањето на сообраќајот, односно дека не дејствува врз нив, додавајќи дека таму каде што дејствува, дејствува „без употреба на прекумерна сила“.

Back to top button
Close