Протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во 15 градови

Денес од 15 до 16:30 часот опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира раскрсниците пред Владата и кај Министерството за надворешни работи, додека во 18 часот ќе се оддржат протести во 15 градови ширум државава.

„Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ. Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси“, велат од партијата, во пресрет на денешниот протест.
Едноипол часовен протест пред Владата и МНР се одржа и вчера.

Back to top button
Close