Протести пред резиденцијата на Нетанјаху

Околу илјада луѓе синоќа протестираа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху барајќи негова оставка.

Протести со барање за оставка на Нетанјаху бидејќи му се суди за корупција и поради неговото справување со кризата настаната поради пандемијата со Ковид-19, изминатите шест месеци се организираат еднаш неделно.

По рестикциите што двапати беа во сила во Израел, стотици илјади Израелци останаа без работа, а економијата претрпе голема штета. Демонстрантите синоќа носеа маски, но не ја почитуваа мерката за физичка дистанца.

Back to top button
Close