Протести во Милано против зелениот Ковид сертификат

 

– Неколку илјади луѓе синоќа во Милано протестираа против владините пандемиски мерки, јави ДПА.

Протестот беше против зелениот сертификат, што е доказ дека некое лице е вакцинирано, има негативен тест или прележал Ковид. Тоа е неопходно за сите работници во државата.

„Не за зелениот сертификат”, скандираа демонстрантите.

На протестот имаше распоредено голем број полицајци со штитови и шлемови.

Според полицијата, во демонстрациите учествувале повеќе од 4.000 луѓе, пренесе АНСА.

Back to top button
Close