Протести во САД: По Портланд, Трамп се закани да испрати федерални агенти и во други градови
Откако федералните власти деновиве употребија необележани комбиња, лица во маскирна облека, солзавец и гумени куршуми за апсење демонстранти и растерување на демонстрациите во Портланд, Орегон, тензиите меѓу власта и демонстрантите синоќа ескалираше.
Протестите во овој град од американскиот западен брег траат речиси два месеца против полициското насилство и расизмот, по убиството во мај на Афрамериканецот Џорџ Флојд.
Градоначалникот Тед Вилер изјави дека во градот се стационираи десетици, ако не и стотици федерални трупи и „нивното присуство само води кон повеќе насилство и вандализам“. Демонстрантите синоќа, по извештаи дека агенти вршеле селективни киднапирања на граѓани кои биле носени во непознат правец во неозначени комбиња, побараа федералните сили да го напуштат Портланд.
На тоа повикаа и гувернерот на Орегон и државниот обвинител, демократи, со критики до претседателот Доналд Трамп дека ја заострува ситуацијата во политички цели за време на изборна година. Обвинителот поднесе тужби за незаконско апсење на протестанти без судски налог и нарушени уставни права за собир.
Трамп, синоќа од Белата куќа повторно повика за воспоставување ред и мир во местата каде сеуште се протестира.
– Праќаме сили за безбедност, не смееме да дозволиме ова да им се случува на нашите градови, рече тој.
Испрати критики до градовите водени од „либерални демократи“. Посебно ги издвои градовите Чикаго, Њујорк, Филаделфија, Детроит, Балтимор и Оукленд, каде имало проблеми насилствота а нивните лидери „се плашат да тргнат во акција“.
– Гувернерот на Орегон, градоначалникот на Портланд и официјални лица од државата се плашат од „анархистите, рече Трамп. Додаде дека „тоа е причината зошто не дозволуваат да им помогнеме“.
– Федералните службеници се таму веќе трета ден и за кратко време направија фантастична работа. Тие фатија повеќе лица и ги ставија во затвор лидерите. Тие се анархисти, изјави Трамп.
Откако се појавија извештаи за киднапирањата, демократите во американскиот Конгрес побараа одговорност и започнаа истрага за незаконско лишувања од слобода и нарушување на Првиот амандман за уставно загарантирано право за слобода и слободно собирање.
Од Белата куќа пак, укажаа дека федералниет сили биле испратени по извршна уредба за заштита на соузните држави потпишана од претседателот минатиот месец, и дека за тоа не им треба дозвола од државните власти.
Одделот за национална безбедност неделава планира да испрати 150 агенти во Чикаго, јави весникот Чикаго трибјун. Агентите наводно се засилување за федерални сили и полицијата во Чикаго, за борба против криминалот во градот каде во изминатиот период се случуваат засилени пукањата и убиства.