Протести во Висконсин откако полицијата застрела невооружен Афроамериканец (видео)
Киноша, 24 август 2020 (МИА) – Во градот Киноша, во американска сојузна држава Висконсин, вчера избувнаа протести откако полицијата застрела невооружен Афроамериканец, поради што локалните власти воведоа полициски час.
Жртвата е идентификувана како Џејкоб Блејк, црнец од Киноша, кој во сериозна здравствена состојба е хоспитализиран со повеќе рани од огнено оружје.
Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, ја осуди прекумерната употреба на сила од страна на полицијата и побара таа во иднина да постапува со помалку агресија кон црнците во Висконсин, пренесуваат британските медиуми.
Засега не е позната причината заради која полицијата го застрела Блејк, но целиот случај го истражува Секретаријатот за правда во Висконсин.
На видео снимка што кружи на социјалните медиуми се гледа како Блејк се приближува кон возило и како полицајците пукаат во него додека ја отвора вратата од автомобилот.
Protests are now happening in Kenosha, Wisconsin.
Hours ago, police officers shot an unarmed Black man seven times in the back. He is currently in serious condition.
No justice. No peace. pic.twitter.com/1cieSMUBbB
— Rose Movement🌹 (@Rosemvmt) August 24, 2020

Голем број огорчени граѓани набрзо излегоа на улиците во Киноша, гаѓајќи ги полицајците со молотови коктели и тули, а набргу потоа во градот беше прогласен полициски час. сд/
Sad. Jacob Blake looks like he could have been grabing a gun. He wouldn’t have got himself shot if he had just followed the cops’ reasonable instructions in Kenosha WI. pic.twitter.com/rkYxJr0Pkp
— Mark Dice (@MarkDice) August 24, 2020