Протестно дефиле на еко-активисти против работата на депонијата Русино

– Група еко-активисти и граѓани доцна попланднево започнаа протест насочен против палењето на регионалната депонија Русино и нејзиното функционирање и со цел да го свртат вниманието на јавноста и институциите од ризикот што го прави неконтролираното депонирање на смет близу Гостивар.

Граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ одржа мирен протест кој се одвиваше како дефиле со автомобили и транспаренти по повеќе градски улици.

Протестот, втор од ваков вид, е инициран од палењето на отпадот на депонијата и зголеменото загадување на воздухот. Еко-активистите бараат и дислокација на регионалната депонија Русино, со што како што велат ќе се стави крај на труењето на гостиварци и несосвесното работење на комуналните претпријатија и надлежните државни власти.

– Русино гори, капацитет нема иако надлежните ќе го кажат спротивното. Локацијата е несоодветна и придонесува за загадување на водухот. Русино е тивок убиец и го загадува целиот гостиварски регион. Здравјето ни е загрозено, животната средина уништена. Бараме да се затвори депонијата и еднаш засекогаш овој пропблем да се реши, изјави Анастасија Дукоска од иницијативата „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ пред почетокот на протестот.

Од пред година и пол заради проблемите со депонијата и преку странски фондации беше најдено решение да се формира заедничко претпријатие на девет општини. Депонирањето и собирањето на комуналниот смет влезе во проект што го финсира швајцарската агенција за развој. Од полошкиот плански регион потврдија дека се доцни со постапката на формирањето на претпријието кое ќе управува со отпадот.

Со новото претпријатие треба да се набават контејнери за сите девет општини, да се подобрат условите во депонијата Русино, спречување на загадувањето на почвата и подземните води. Да се направат системи за рециклирање и селекција на отпад, камиони. Овие активности треба да ги спроведува заедничкото претпријатие, кое сé уште не е формирано.

Back to top button
Close