Протестот на ЈСП откажан, платата им била исплатена
По повеќе часовни притисоци, вработените на ЈСП ќе добијат плата а протестот кој што беше најавен за утре е одложен.
Синдикатот на ЈСП денеска имаше средба во градот Скопје, а на која синдикалците на маса ги ставија проблемите на вработените во ова претпријатие. Од градот им ветиле исплата на јулската плата за денеска, но сепак ќе почекаат за да видат дали за утре би организирале протести.
Синдикатот на ЈСП како проблем го истакна и намалениот број на шофери и сервисери. Си заминале над 150 возачи, а бројката се очекува да се зголеми. Синдикатот повеќе пати алармираше и бараше навремена исплата на платите, а во октомври минатата година за прв пат од формирањето на ЈСП излегоа на протест пред Владата, додека граѓаните останаа без јавен градски превоз