Против – Правосуден вратолом


Како flash back-oви, од минати управувачки епизоди на ДПМНЕ, ги следиме случувањата кои беа опишани со следниве зборови на Премерот ( Претседателот на извршната власт) г-нот Мицкоски.
Имено дека : “ќе му зададе удар во чело на судството”.
Каков налет, невиден до сега.
Насилен, би рекла.

На врат или на нос, по секоја цена, засега во 3 јасни секвенционирања, “ударот во челото на судството” Власта, прво го опна, со ингениозните идеи за противзаконито интерпелирање на 5-те члена на Судскиот Совет; За нивно острахирање како неподобни, а со тенденција да бидат заменети со лојалисти.

Во врска со интерпелациите на 5те члена, важно е да се потенцира едно прашање : бидејќи Владата сега, изготвува нов закон за СС, кој според нив ќе биде “наскоро” готов…. Зошто, побогу, толку брзаат и инсистираат на оваа интерпелација, која така како што они ја замислиле е де факто незаконита?!
Или, зашто се брза со постапките за разрешување баш на тие 5те члена, со високо компромитирани законски околности, и со очигледно нарушување на уставно гарантираната поделба на власта.
Зошто?!
Се прашувам?
Веројатно, за инат.

Од друга страна, СДСМ, е со јасен став и со целосна спремност да се конструктивно посвети на суштински, а не плукни-залепи реформи. Следствено, се поставува и уште едно легитимно прашање за можно решение на оваа блесава работа.
Ако вистина има воља за реформи, зошто да не се почека со разрешувањето, до донесувањето на новиот закон кој е сега во подготовка ?! Па по него, ќе видиме што е со таа проблематична интерпелацијата; односно, како ќе се развласти сегашниот СС, односно, како истиот ќе се реформира и обнови согласно насоките на оценската мисија и мислењето на Венецијаската Комисија.

Ако за ова нема кај Власта слух, чиста демагогијата е декларираната т.е. наводната желба за правосудни реформи, над која виси и сомнеж дека интенцијата е јасна, т.е. намерата е да се партизира правосудството преку инсталирање на партиски лојалисти. Затоа што, вака како што е сега поставена, Интерпелацијата напр, е незаконска и неуставна, и за оваа материја регулирацијата е со статус на Lex specijalis. ( во случајот законот кој е во подготовка)! Значи, логично би било да се днесе, па потоа реформски да се интервенира во СС- по новиот Закон.

Второ, ударот во чело, се осети и во желбата да се разреши Републичкиот Обвинител. Изјавите на извршната власт дека нема да го земе предвид мислењето на Советот , преносно : дека баш му е гајле на МП за една важна законска одредба врзана за овој процес, се сериозно проблематични. Одредбата за која баш им е гајле е следнава : Законот за јавно обвинителство – член 63, став 3, јасно предвидува дека Советот на јавни обвинители треба да даде мислење по предлог на Владата.

Третиот удар, всушност, редоследно прв беше, е поврзан со фактот дека веќе се случи инсталација на судско партиски лојалисти како оние од типот на сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ , која беше назначена за член на Судскиот совет, и сопартиец на Меџити во Советот на јавни обвинители.

Сепак, да не заборавиме и на тоа дека, во Извештајот за напредокот од 2024, ставено во фокус беше тоа дека РСМ има проблем со политичкото мешање во правосудство, и тоа дека, од РСМ се бара да бидат спречени обидите за несоодветно влијание или заплашување! ( ова, беше конкретно врзано за најавените намери за распуштање на двата совети), што според вордингот на ЕК “предизвикува сериозна загриженост” ! Овој вординг е во високоризичните, патем. Седи ќец.
Другар(ч)иња,
политиката е одговорна работа, а управувањето со институциите и со животите на граѓаните е уште поодговорна. Кој е спремен за сериозни реформски зафати, не би требало да чкртка-пртка боенки со хералдички сликички, и да се занимава со се нешто инфантилно, наспроти суштински и уставни овластувања за демократско управување. Одговорните лидери,пак, носат суштински и долгорочно одржливи одлуки.Бараат решенија, и не треба да создаваат проблеми. Треба да ги решаваат.
Во спротивно не би можеле да бидат лидери, туку обични извршители. Или што би рекол Премиерот, измеќари.

Сумирано,
Власта, се чини дека нема вистинска намера да го реформира правосудството. Туку има порив во налет да го субординира и потлачи под својот извшен чадор. Очигледен е процесот на партизација и на политички упад во третата власт, мили мои.

А, секој, нормален граѓанин, сака нашето правосудство да се реформира.

Но, овој демагошки и дисморфичен make up личи на се , само на реформа не.
Тенденцијата на Извршната власт, е јасна, како бел ден: сака да изврши упад во независноста на правосудната власт и да се инсталираат послушници.

Но, ова не само што е проблематично од спект дека е т.н. реформа е демагогија, туку, на друго ниво е силен удар врз демократијата; удар врз уставната поделба на власта ( na законодавната, извршна и судска).
Ваквите дејствија, конечно, имаат единствен мотив – за воспоставување на целосна контрола врз институциите на политичкиот систем, а тоа е спротивно на секоја уставна демократија,па и на нашата Република.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close