Противпожарна единица од Битола апелира дека подметнати се над 10 пожари
Десетина пожари за само 4 часа гореа на различни локации низ Битола, а од противпожарната единица велат дека сите се подметнати и апелираат полицијата да ги открие сторителите.
Најсеризни беа пожарите во населбата Стрелиште, каде огнот од опожарената сува трева на отворено опасно се доближи до подрачното училиште, но пожарникарите го спасија обејкотот.
„Се наоѓаме во Стрелиште, се зафати и дел од градинката на моменти беше навистина страшно, 2 возила и 6 пожарникари, влегоа во училиштетето за да можат да спасат дел од него. Од 13 часот имаме преку 10 интервенции од тразлични локации, ѐод невремето имаме 3 бандери паднати и таму ќе интервенираме, ама континуираното палење треба да се преземе нешто“, вели Горан Димковски од Противпожарната единица во Битола.