Противтенковско оружје, ПВО системи, муниција за украинската армија

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, изјави дека во Украина е доставено противтенковско оружје, опрема за противвоздушна одбрана, муниција за сите видови оружје и артилерија, возила, панцири и гориво.

Кулеба на Фејсбук напиша дека секој нов ден носи нови санкции, оружје и изолација на Русија.

„Главното е да застанете цврсто и да го држите Киев”, истакна украинскиот министер.

Кулеба рече дека ноќеска трелефонски разговарале претседателите на САД и на Украина, Џозеф Бајден и Владимир Зеленски, како и оти Бајден одлучил веднаш да додели 600 милиони долари за Украина, од кои 250 милиони за општа и 350 милиони за воена помош.

„Покрај тоа Белата куќа побарала од Конгресот одобрение да одвои 6,4 милијарди долари за поддршка на Украина, од кои 3,5 милијарди се за одбрана”, вели Кулеба.

Back to top button
Close