Протоколот за згрижување и сместување на лица од Украина на владина седница
Информацијата за усвојување на План – Протокол за прифаќање, згрижување и сместување, како и регулирање на статусот на лица кои од Украина ќе допатуваат во Република Северна Македонија како последица на воените дејствија и лица кои се затекнале на територија на Република Северна Македонија од 24 февруари 2022 година, а кои заради безбедносна состојба не се во можност да се вратат во Украина ќе биде разгледана на денешната 36. седница на Владата.
