Проукраински хакери го нападнаа московскиот аеродром „Аерофлот“, откажани 60 летови

Десетици летови беа откажани во Москва денеска по сомнителен кибернапад од проукраински хакерски групи.

Руската државна авиокомпанија „Аерофлот“ првично објави околу 60 откажани летови на аеродромот „Шереметјево“, наведувајќи прекин во своите ИТ системи како причина. Експертите на компанијата работат на враќање на серверските операции за да се продолжат закажаните летови, соопшти агенцијата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги опиша извештаите како алармантни.

-Заканата од хакери е опасност со која се соочуваат сите големи компании што служат на јавноста, рече тој.

Проукраинските хакери од групите „Silent Crow“ и „Cyber Partisans“ ја презедоа одговорноста за нападот, наведувајќи дека нивната операција против „Аерофлот“ била во подготовка една година.

Канцеларијата на рускиот генерален обвинител започна кривична истрага за нелегалниот упад во компјутерските системи.

Украинските медиуми, исто така, цитираа изјави од хакерите, кои ја презедоа одговорноста за „стратешки удар“ против најголемата руска авиокомпанија. Тие рекоа дека ја презеле контролата врз целата ИТ инфраструктура и уништиле 7.000 сервери.

Хакерите тврдеа дека собрале 12 терабајти податоци. Тие, исто така, испратија порака до Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и други агенции за кибер безбедност во Москва, наведувајќи дека не се способни да ја заштитат критичната ИТ инфраструктура.

Патниците кои се надеваа дека ќе патуваат на одмор беа заглавени на аеродромот Шереметјево и беа замолени да ги следат најавите на патните табли. Стотици мораа да го вратат својот багаж и да го напуштат аеродромот. Засегнати беа и домашните и меѓународните летови.

Back to top button
Close