Проведен тетовец, управувал возило со брзина од 156 км/час на место каде било дозволената 80 км/час
Полициски службеници привеле возач кој вчера во 14:25 часот на патот Тетово-Гостивар управувал возило со брзина од 156 километри на час на место каде дозволената брзина е 80 километри на час.
Лицето, како што информираат од МВР било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобзирно управување на моторно возило”.
-На 17.06.2025 во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Д.(56) од Тетово. При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час, се вели во соопштението од МВР.