Прв концерт на првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром

Првиот Инклузивен градски хор, при Здружението на лица со Даунов синдром „ТРИСОМИЈА 21“ денеска во Скопје ќе го одржи својот прв концерт.

Концертот, како што најавуваат организаторите, има за цел да покаже дека уметноста и културата можат да бидат алатки за интеграција во општеството, социјализација  и подобрување на животот на лицата со Даунов синдроми како и другите лица со  посебни потреби.

– Преку опејување на хитови од македонската народна и забавна музика ќе го разбудиме градот од попладневна дремка, а тоа ќе го направат учесниците Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Илини, Оли, Бети, Ники, Даре и Коста под водство на Билјана Димитрова. Дојдете, запејте, исклучете се од реалноста, вклучете се во стварноста на песните, порачуваат од Здружението на лица со Даунов синдром „ТРИСОМИЈА 21“.

Хорот е создаден во заедничка соработка и менторство на Колектив Ветерница  и е подржан од Град Скопје.

Концертот, како што е најавено, ќе започне во 18:30 часот на Плочник – Градски ѕид, потегот околу Соборен храм, позади Клуб на новинари.

Back to top button
Close