Прв пливачки маратон во Преспа

Во водите на Преспанското Езеро денеска се одржува првиот пливачки маратон „Преспа 2021“, во организација на пливачкиот клуб „Акваспирит од Охрид“, со поддршка на Општина Ресен .

Повеќе од 50 учесници во две категории, тргнаа од стартната позиција, од плажата „Цоца“ во Сливница, а успешно натпреварување и мирно езеро им посака градоначалниот на Општина Ресен Живко Гошаревски.

– Душата ми се полни што после толку години, во соработка со здружението „Акваспирит“- Охрид, успеавме да го организираме првиот пливачки маратон „Преспа 2021“ во водите на нашето Преспанско Езеро. Искрено се надевам дека овој настан, ќе прерасне во традиција и сите заедно ќе ја испишуваме новата историја во пливачките спортови во Преспа, рече Гошаревски.

Патеката е во форма на четириаголник со страни 200 на 50 метри и се плива кружно обратно од стрелките на часовникот. Во првата категорија се натпреваруваат деца од 9 до 13 години на 1.800 метри и од 14 години па нагоре на 2.5 километри во машка и женска конкуренција.

За победниците во сите возрасни категории предвидени се медали и подароци од спонзорите, како и пехари и парични награди.

Back to top button
Close