Прв случај на заразен од Ковид-19 во Кичево

– Во Кичево е регистриран првиот случај на заразен од Ковид-19. Тој е во стабилна здраствена состојба и се наоѓа на домашно лекување. Уште осум лица се сместени во самоизолација, информира градоначалникот Фатмир Дехари на денешната седница на Советот на општината.

Во дебатата за состојбата со пандемијата на локално ниво, Дехари кажа дека се преземени сите потребни мерки за заштита од коронавирусот, но за жал потврден е првиот случај во општината.

До денеска се тестирани вкупно 43 лица и 63 вработени кои беа вклучени во скринингот во градинката.

Дехари најави дека првиор регистриран случај уште повеќе ќе ја зголеми претпазливоста и покрај  ублажување на мерките од страна на Владата.

Back to top button
Close