Прва фаза од планот за претворање на центарот на Атина во голема зона со помалку автомобили

 Со забрана за сообраќај за возила на булевар и улицата пред премиерската и претседателската палата, од утре наутро започнува првата фаза од проектот на општина Атина, за претворање на историскиот центар на градот во зона со помалку возила и повеќе простор за граѓаните за прошетка и користење велосипеди, јави дописничката на МИА од Атина.

На конкретните две улици, пристап ќе имаат само возилата на јавниот превоз, на лица со инвалидитет, на постојаните жители, возилата за итни случаи, електричните возила и слично.

Следната фаза, в недела, го опфаќа плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент, како и уште еден голем булевар во центарот на Атина, а на почетокот на следниот месец ќе бидат воведени мерки и забрани и за историскиот центар.

Од општина Атина соопштуваат дека проектот ќе се имплементира постепено, во фази за граѓаните, но и посетителите да можат да се прилагодат и да уживаат во подобрените услови.

Back to top button
Close