Прва надзорна посета на Комисијата за надзор на работењето на АНБ и АР

Денеска беше остварена првата надзорна посета на Комисијата за надзор на работењето на АНБ и АР во просториите на Агенцијата за национална безбедност.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на почетокот, директорот на АНБ, Виктор Димовски, даде осврт за работењето на Агенцијата, законската поставеност и актуелните состојби на планот на националната безбедност.

Воедно, директорот информираше за активностите на АНБ поврзани со контраразузнавањето и спротивставувањето на разузнавачката активност на странски служби, спротивставувањето на тероризмот и насилниот екстремизам, поставеноста околу спречувањето на потешките облици на организиран криминал со кои се загрози националната безбедност, за сензитивните информации поврзани со пандемијата, како и други прашања од надлежноста на Агенцијата.

Комисијата пројави интерес и околу актуелните случаи кои во последно време побудија интерес во јавноста, при што директорот на АНБ информираше дека сите активности се преземени согласно законските надлежности.

Членовите на Комисијата беа информирани и околу кадровската поставеност во АНБ, стратегијата за модернизација на Агенцијата и натамошната кадровска екипираност.

Членовите на Комисијата пројавија интерес и околу безбедносните проверки, полиграфското тестирање, тестот за интергритет и други прашања поврзани со имлементација на законските одредби при селекцијата и кадровската екипираност.

Во однос на полиграфското тестирање и тестот за интегритет, членовите на Комисијата укажаа дека законска обрврска е истите да се направат, за што директорот информира дека тој дел од обврските ќе биде завршен за сите вработени.

Комисијата на наредната седница ќе го разгледа детално Извештајот за работата на АНБ за 2020 година.

Back to top button
Close