Прва победа за Хамилтон во новата сезона

Актуелниот светски шампион во Формла 1, Луис Хамилтон ја забележа првата победа во новата сезона. Британецот беше најбрз на денешната трка во Австрија возена на „Ред Бул ринг“ каде се возеше и првата трка.

Успехот на Мерцедес го надополни Валтери Ботас кој на крајот заврши на второто место.

Трет трката ја заврши Макс Верстапен од Ред Бул.

Пласман од 4-10. место: Алекс Албон (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен), Серхио Перез и  Ланс Строл (Рејсинг), Даниел Рикардо (Рено), Карлос Саинц (Мекларен) и Даниел Квајт (Алфа Таури).

По судирот во првиот круг, двајцата пилоти на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел  беа принудени предвреме да ја завршат трката.

Следната трка е предвидена да се одржи по седум дена во Унгарија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close