Прва проекција на мандати: ВМРО-ДПМНЕ на 59, ДУИ пред СДСМ

Државната Изборна комисија ги објави првите проекции за бројот на пратенички мандати, а ВМРО-ДПМНЕ е речиси на половина од вкупниот број на пратенички мандати во Собранието. Има 59 пратеници според првичните проекции.

На второ место е ДУИ на Али Ахмети со 19 проектирани мандати, СДСМ е дури на трета позиција со 18 мандати.

Коалицијата „Вреди“ освојува 13 пратенички мандати. Во Собранието влегуваат и 6 пратеници на Левица, а на 6-тата позиција е ЗНАМ со 5 мандати.

Back to top button
Close