Прва самостојна изложба на мозаици на професорот Изет Зеќири

– Со прва самостојна изложба на мозаици во Уметничката галерија во Тетово се претстави Изет Зеќири, универзитетски професор и академик и поранешен пратеник. Изложбата, која свечено беше отворена вчера, е насловена „Мозаик со делови од животот“.

Пред љубителите на уметноста и претставници професорот Изет Зеќири презентираше над 50 мозаици со автохтони мотиви од албанската традиција и култура.

Изложбата ја отвори Јелдез Асани, историчар на уметност и професорка на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот во Тетово. Свое поетското гледиште на делата имаше професор Салајдин Салиху.

Изложбата ќе остане отворена до 7 јули 2021 година.

Back to top button
Close