Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села во Грамш
Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за 80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал.
„Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината на својата куќа, во селото Кулолас, пожар кој излегол од контрола и масовно се проширил во неколку села во округот Грамш. Лицето го загубило животот како резултат на задушување“, се наведува во соопштението за медиумите.
Се додава дека полицијата, противпожарната служба и службите за цивилни итни случаи веднаш излегле на терен, каде што “интензивно работат на гаснење на пожарот, како и на евакуација на жителите од селата каде што се проширија пламените јазици”.
Поради ситуацијата што излезе од контрола, Министерството за одбрана нареди евакуација на жителите на 3 села во подрачјето на Грамш.
„Поради пожарите, кои брзо се шират, Министерството за одбрана ги повикува жителите на селата Кулолас, Блетез и Менколаре веднаш да ги напуштат своите домови и да соработуваат со властите за безбедна евакуација, стои во соопштението на министерството.
Само во овој дел на земјата, наведува министерството, покрај против пожарната единица и локалната власт на Грамш, вклучени се и 80 припадници на армијата и армиски хеликоптер кои работат непрекинато за да ги изолираат пламените јазици