Првата количина хуманитарна помош од Италија исфрлена од авион во Појасот Газа

Првата количина хуманитарна помош од Италија е исфрлена во Појасот Газа од авион Ц-130 на италијанските воздухопловни сили, објавија денеска италијанските медиуми.

Во наредните денови ќе има уште пратки што ќе бидат исфрлени од авион за населението во Газа, а вкупно 100 тони храна ќе бидат доставени од базата во јорданската престолнина Аман, како дел од мисијата „Патот на солидарноста 2“ во која учествува и италијанското Министерство за одбрана, објави италијанската новинска агенција АНСА.

„Италија е секогаш подготвена да помогне и да им донесе надеж на оние на кои тоа им е најмногу потребно. Со оваа операција, Министерството за одбрана ја потврдува својата посветеност на цивилното население погодено од војната и помага да се намалат страдањата и да се спасат животи“, изјави министерот за одбрана Гвидо Кросето по повод првата испорака на помош.

Back to top button
Close