Првата кошаркарска лига ќе стартува на 4 октомври

Новата сезона во македонската МТЕЛ кошаркарска Суперлига официјално ќе стартува на 4 октомври, една недела откако актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и ланскиот куп финалист Кожув ќе се сретнат во Суперкупот, закажан за 28 овој месец во Скопје.

Во седиштето на КФСМ, денеска, на состанокот на претставниците на12. клубови-учесници во најквалитетното натпреварување и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Првата лига за сезоната 2025/2026.

МЗТ Скопје Аеродром ќе ја почне одбраната на титулата против дебитантот Маџари, додека Работнички ќе го пречека Пелистер. Во преостанатите дуели од воведното коло ќе играат Феникс 2010 – Ангели, Чаир 2030 – МКК Куманово, Кожув – ТФТ и Гостивар – Тиквеш Голден Игл.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close