Првата жена премиер на Шведска поднесе оставка неколку часа откако беше избрана

Неколку часа откако вчера беше избрана за премиер на Шведска, Магдалена Андерсон поднесе оставка затоа што парламентот не го поддржа владиниот предлог буџет, а коалицискиот партнер Зелени ја напушти малцинската влада. „Не сакам да водам влада чиј легитимитет може да биде доведен во прашање“, рече Андерсон на прес-конференција.

Таа го информираше претседателот на парламентот Андерас Норлен дека сè уште е заинтересирана да води еднопартиска социјалдемократска влада. Претседателот на шведскиот парламент Андреас Норлен изјави дека ја прифатил оставката на Андерсон и дека денеска по разговорите со партиските лидери ќе ги објави натамошните потези.

Предлог-буџетот на Владата беше отфрлен во корист на предлогот на опозицијата, вклучително и десничарските демократи. Зелените соопштија дека се подготвени повторно да го поддржат Андерсон на новото гласање за избор на премиерот. Усвоениот буџет се базира на владиниот предлог, но од 74 милијарди круни (8,2 милијарди долари) што владата сакаше да ги потроши за реформи, нешто повеќе од 20 милијарди круни ќе бидат прераспределени следната година.

Буџетот има за цел да ги намали даноците, да ги зголеми платите на полицајците и да ги зголеми трошоците за различни сектори на шведскиот правосуден систем.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close