Првенец на генерација изложен на булинг во училиштето во Градско

Во два наврати, двајца деветтоодделенци, во ООУ„Даме Груев“ во Градско, му искинале долен веш на соученик во соблекувалната за физичко образование. Првпат тоа се случило на четврти а вторпат на 11 ноември, годинава, кога ученикот се вратил дома освен со искинат долен веш и со гребатини на телото. Четиринаесет ипол годишното момче видно вознемирено и со категоричен став дека повеќе нема да оди на училиште им раскажало на родителите дека на 11 ноември неговите двајца соученици го влечеле и кон ходникот кој во моментот бил празен. По последната доживеана траума ова момче трета недела не оди на училиште затоа што се плаши дека повторно ќе биде нападнато и омаловажувано

Фото: Архива на Дума.мк

Во два наврати, двајца деветтоодделенци, во ООУ„Даме Груев“ во Градско, му искинале долен веш на соученик во соблекувалната за физичко образование. Првпат тоа се случило на четврти а вторпат на 11 ноември, годинава, кога ученикот се вратил дома освен со искинат долен веш и со гребатини на телото. Четиринаесет ипол годишното момче видно вознемирено и со категоричен став дека повеќе нема да оди на училиште им раскажало на родителите дека на 11 ноември неговите двајца соученици го влечеле и кон ходникот кој во моментот бил празен. По последната доживеана траума ова момче трета недела не оди на училиште затоа што се плаши дека повторно ќе биде нападнато и омаловажувано.

Според неговиот татко, И.Т, момчето тогаш ја отворило својата душа и раскажало за се што претходно доживувало додека било на училиште од истите соученици. Поточно дека на последната случка и претходеле уништување на неговиот ученички прибор со фрлање и газење на патос во училница или преку прозорец, надвор, во училишниот двор.

-Моето 14,5 годишно машко дете минатата и оваа учебна година континуирано било изложено на булинг. Се додека на 11 ноември,годинава, дома не се врати со искинат долен веш и со гребаници, ние како родители не знаевме дека двајца соученици, од неговиот клас, и претходно му го искинале долниот веш, му удирале фиски по главата за да седи со свиткан `рбет на часовите за да не им го затвора видикот во училницата, му го уништувале училишниот прибор или му го фрлале низ училишниот прозорец. Цело време моето дете молчело поради срам. Чашата ја прели последниот настан со кинењето на долниот веш. Јас отидов во училиштето. Разговарав со класниот раководител Благој Ристов и со директорката Таца Дукова. Тие ми кажаа дека веднаш ќе превземат мерки и ја спомнуваа педагошката мерка на преместување на двајцата соученици, кои што го малтретирале моето дете, во подрачното училиште во село Виничани. Потоа, по два дена, ме известија дека ќе ги преместат само во соседната училница. Тоа е причина што мојот син не оди веќе трета недела на училиште, рече родителот И.Т

Целата сторија на Дума мк прочитајте ја ТУКА.

Back to top button
Close