Први два случаја на Ковид-19 на Маршалските Острови, остатокот од светот со рекордни бројки

Маршалови Острови, едно од последните места на светот недопрени од коронавирусот, ги потврди првите позитивни случаи.
Владата на оваа зафрлена пацифичка држава објави дека двајца вработени во тамошната американска база имале позитивен тест по враќањето од Хаваи. Тие пристигнале со воен лет и веднаш биле изолирани од остатокот на заедницата, па властите уверуваат дека нема опасност од поширокото ширење на вирусот.
Се верува дека Кирибати, Микронезија, Науру, Палау, Самоа, Тонга, Тувалу и Вануату се последните држави на светот во кои што досега не е регистриран коронавирус.