Први резултати од изборите: ВЛЕН води во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Гази Баба и во Струмица

Од изборните штабови веќе почнаа да пристигнуваат првичните резултати. По нешто повеќе oд 10 отсто од пребројаните гласови во Гази Баба, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 1.543 гласа, СДСМ – 527, а за Левица гласале 307 гласачи. Вo оваа општина според податоците од ДИК до 18,30 часот на гласање излегле 41,97% од запишаните гласачи.

Во Струмица владејачката партија има 1.164 гласа а опозицијата само 659. Во скопски Аеродром ВМРО-ДПМНЕ има 2.394 гласа ,а СДСМ 817.

Во Кисела Вода владејачката партија има 1.744 а СДСМ 576.  Делчево е речиси пет спрема еден. 1.055 со 290, во Радовиш ВМРО ДПМНЕ води со 2.637 спрема СДСМ со 932.

Петровец има најголема разлика – 1.402 спрема 212, во Илинден 2.202 со 249. Во Велес ВМРО-ДПМНЕ освои досега 6.266, а СДСМ 1.306, додека во Пробиштип разликата е 421 со 258. Во штип наводно победува ВМРО-ДПМНЕ, а исто така и во Битола.

Од ДУИ објавија дека како коалиција веќе победиле во две општини – Липково и Пласница, додека од ВЛЕН тврдеа дека водат со 2.000 гласови во Чаир и  во Сарај.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за Сител ги посочи градовите каде сигурно ќе имаат кандидати победници уште во првиот круг.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во првиот круг во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Јагуновце, Василево, Радовиш, Штип, Струмица после 20 години. Ќе имаме и во Босилово, Вевчани, Ново Село, и убедлива победа во Прилеп. За останатите општини се прелиминарни резултати каде тенденцијата покажува дека ќе ги добијат уште во прв круг“, рече Милошоски.

Во однос на Град Скопје, тој порача дека нивниот кандидат има убедлива предност.

од партијата пак објавија дека веќе се одбрани градоначалници во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен, Свети Николе и на прагот се на победа во Струмица.

Back to top button
Close