Првични наоди за несреќата во Хрватска: Возачот изгубил контрола над автобусот

Несреќата што се случи утрово на автопатот Горичан – Загреб во правец на Загреб кај градот Брезница ја истражувал заменикот на вараждинскиот жупански државен правобранител заедно со полициски службеници од Вараждинската полиција.

 

Според досега собраните податоци, сообраќајната несреќа се случила кога возачот на автобусот регистриран во Полска изгубил контрола над возилото, кое свртело надесно, ја пробило заштитната ограда и слетало надвор од автопатот.

За утврдување на начинот и причината за сообраќајната незгода, државното правобранителство нареди обдукција на починатите лица, вештачење за присуство на алкохол кај возачот на автобусот и спроведување на други потребни истраги и доказни дејствија.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ истакна дека истрагата на местото на несреќата е завршена.

„Автобусот е однесен на обезбеден паркинг. Што се однесува до предметите на патниците, тие се чуваат во просториите на полициската управа Вараждин. Тие предмети ќе им бидат доделени на луѓето по барање од официјални институции“,рече тој.

Претходно беше потврдено дека автобусот бил на транспортната компанија „Мегапол“ од Плоњск, а Јацек Антоншкевич, директор на „Мегапол“, за порталот onet.pl потврдил дека автобусот е нивни и дека бил технички исправен.

Не верувам дека било грешка на возачите, вели сопственикот на полскиот автобус што имаше несреќа во Хрватска

Исто така и од полското Министерство за инфраструктура во нивното соопштение објавено на Твитер рекоа дека возилото е произведено 2011 година, регистрирано е во Полска и ги има сите проверки пропишани со закон, техничкиот преглед е извршен во јуни годинава и важело до 13 декември 2022 година.

Во тешката сообраќајна несреќа животот го загубија 12 лица, 19 се тешко повредени, а 13 полесно.

 

 

Back to top button
Close